„Денеска големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип, кое има и слава и именден“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на друштвената мрежа Фејсбук.
Тој додаде: Им благодарам за гостопримството и пријатната атмосфера во нивниот дом. Задоволство е да се биде со трите генерации на ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце полно љубов за сите.
Нека е за многу години денот. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец.