Македонија

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Скопје – доаѓа претседателот на турското Собрание

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Скопје – доаѓа претседателот на турското Собрание

На 20 и 21 декември (вторник и среда) во посета на Република Северна Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.

Поради тоа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни