Македонија

Ѓорѓиевски се налути: Ако некој толерирал самоволие десеттина години – јас нема да толерирам!

Ѓорѓиевски се налути: Ако некој толерирал самоволие десеттина години – јас нема да толерирам!

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска, по добиени претставки од граѓаните, изврши увид на улица во населбата.

Граѓаните се жалат дека лице им го блокира пристапот до нивниот дом, паркирајќи автомобили пред нивните влезови, гаражи или пак на самата улица.

Сопственикот пак вели дека тоа е приватно земјиште, наспроти убедувањата на градоначалникот дека според ДУП-от тоа е улица, и е државно земјиште.

Сепак, на крај на терен излезе и пајак која го отстрани возилото, а подоцна се пристигна и багер кој го отстрани песокот и на местото, според најавите, ќе бидат поставени бекатонки.

„Јас сум на страната на мојот народ, на праведните и законот и истиот важи за сите во Кисела Вода, подеднакво. И тоа ќе биде така се додека јас сум градоначалник! Ако некој толерирал самоволие десеттина години – јас нема да толерирам! И без разлика кој на која позиција се наоѓа, кој на кого е пријател, другар или роднина – никој нема право од позиција на моќ да узурпира државен имот и со тоа да малтретира десеттици фамилии кои се попречени да стигнат до своите домови. Денес, долгогодишната голгота на жителите на улица ,,Банско” завршува. Од денес се надевам дека ќе има мир, а со сигурност ќе има нова улица на местото кое досега беше узурпирано. Кај мене нема повластени, заштитени и дискриминирани. За мене сите се исти, бидејќи Кисела Вода е наш заеднички дом!“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни