Македонија

Си зазел дел од плажа во Охрид и без одобрение си поставил лежалки и чадори за сонце – кривична за охриѓанец

Си зазел дел од плажа во Охрид и без одобрение си поставил лежалки и чадори за сонце – кривична за охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и, противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил  лежалки и чадори за сонце.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни