Македонија

Сте слушнале ли за диета со вино? – Д-р Беќаровски вели дека е раширена меѓу скопските тинејџерки

Сте слушнале ли за диета со вино? – Д-р Беќаровски вели дека е раширена меѓу скопските тинејџерки

Дали сте слушнале за „Диета со вино“?

Според д-р Нико Беќаровски, истата е многу позната меѓу скопските тинејџерки.

„Една стара “диета” промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува се попопуларна меѓу скопските тинејџерки.

“Диетата” се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино. Повеќенеделното придржување кон оваа “диета” може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА“, предупредува Беќаровски на социјалната мрежа ФБ.

Според него, првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !!

„Родители најдете малку време да проверите како се “хранат” Вашите деца, пред да биде предоцна. Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед“, стои во неговата објава на ФБ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни