Македонија

Претрес во Битола, пронајдени близу 1500 пиротехнички средства

Претрес во Битола, пронајдени близу 1500 пиротехнички средства

Денеска (20.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола по обезбедена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Ф.Ф. од Битола.

При извршениот претрес пронајдени се 1488 парчиња различни видови пиротехнички средства.

Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со Ф.Ф. е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни