Македонија

Трет ден пратениците расправаат за Дополнетиот предлог-буџет за 2023 година

Трет ден пратениците расправаат за Дополнетиот предлог-буџет за 2023 година

Пратениците денеска трет ден на пленарна седница расправаат за Дополнетниот предлог-буџет за 2023 година. Денешниот ден помина во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за тоа дали буџетот е развоен.

Опозицијата останува на ставот дека Предлог-буџетот е најобемен и дека од него граѓаните нема да видат ништо добро освен тоа што ќе имаат обврска да го полнат. Буџетот, сметаат од опозицијата, е инфлаторски затоа што се базира на инфлацијата, а не на економскиот раст.

– Имаме историски најголема инфлација и најголем јавен долг, највисоки цени на основните прехранбени производи во регионот и најниски плати. Струјата е поскапа за повеќе од 40 проценти, а по Нова Година ќе поскапи за дополнителни пет проценти, рече Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, од предложениот буџет може да се заклучи дека земјава оди во банкрот.

За парламентарното мнозинство, буџетот е насочен кон макроекономско заздравување. Во него има планирано 800 милиони евра за капитални ивестиции, 25 милиони евра за антикризни мерки, а предвидени се и средства за редовна исплата на пензии, плати и социјални надоместоци.

Заменик-министерот за финансии Филип Николоски во реплика на обвинувањата од опозицијата ги негираше тврдењата дека задолжувањето следната година ќе биде 700 милиони евра и дека се зголемуваат непродуктивните трошоци.

– Не е точно дека се зголемуваат непродуктивните трошоци. За патни трошоци имаме намалување од 80 милиони денари, за поправки и одржување намалување од 48 милиони денари, за други расходи и репрезентации од 62 милиони денари и за набавка на нови возила намалување од 33 милиони денари, рече Николоски.

Во однос на реализацијата на капиталните расходи, Николоски посочи дека реализацијата заклучно со вчера е 63 проценти, а до крајот на годината се очекува да надмине над 70 проценти.

Расправата продолжува по редовната едночасовна пауза.

Дополнетниот предлог-буџет е на пленарна седница откако претходно на владина седница беа вградени прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Прифатени се шест амандмани од опозицијата во вкупен износ од околу 480 милиони денари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни