На 22.12.2022 во 11.06 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при претрес во една просторија во затворот биле пронајдени повеќе пакувања марихуана и кафеава прашкаста материја.
Полициски службеници извршиле увид, а дрогата била одземена за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.