Македонија

Ќе има ли актуелни функционери на црната листа на САД? – Еве што велат Ковачевски и Пендаровски

Ќе има ли актуелни функционери на црната листа на САД? – Еве што велат Ковачевски и Пендаровски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по новинарско прашање изјави дека не е исклучено на американската црна листа да се најдат и актуелни функционери.

Премиерот не даде други информации само додаде дека тој „со истражители не се видел“.

На прашањето дали се тоа функционери за кои што министерката Славица Грковска иницираше постапка за утврдување на злоупотреба, премиерот рече дека Грковска не кажала дека поднела кривични пријави туку дека „до неа имало пријави што после таа ги спроведува согласно со нејзините надлежности до надлежни институции“. На прашањето дали постои можност да се истите, премиерот рече дека не знае.

Истото вчера го спомена и претседателот на државата Стево Пендаровски. Ни според него, не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имињата и на актуелни функционери.

Шефот на државата во гостување на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува да биде објавена во догледно време.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни