Македонија

Истрагата за Онишченко ќе ја доврши новото раководство на АНБ

Истрагата за Онишченко ќе ја доврши новото раководство на АНБ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека истрагата за Олександр Онишченко сега ќе треба да ја доврши новото раководство на Агенцијата за национална безбедност.

Тие ќе треба да реферираат пред Собранието и пред Владата на затворена седница и потоа да можат да се преземаат соодветни чекори согласно со наводите од таа истрага.

На прашање околу тоа дали новопоставениот директор од Агенција за национална безбедност направил нова истрага во однос на случајот Онишченко, тој одговори дека истата ќе треба да ја доврши токму новото раководство.

„Собраниската комисија за надзор на безбедносните служби започна неславно со својата работа во однос на овој случај бидејќи затворена седница беше пренесувана во живо, за тоа имаше истрага од страна на МВР чии што резултати беа доставени од Собранието, бидејќи од таму беа побарани и после тоа, нормално, ќе продолжи расправата на таа седница во координација помеѓу претседателот на комисијата, претседателот на Собранието веројатно и директорот на Aгенцијата за национална безбедност“ – рече премиерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни