Студениот бран со силен ветар кој ја зафати земјава, ќе трае до почетокот на викендов, кога се очекува одново затоплување.
Денеска во одредени места во земјава ветарот ќе дува и со брзина од 90 километри на час. На места ќе има и врнежи од дожд, a на повисоките места и врнежи од снег. Времето ќе почне да се стабилизира од петок, а во сабота минималните температури ќе бидат до -2, додека дневните ќе се искачат и до 21 степен.
До крајот на денешниот ден облачноста ќе се намали, а утре ќе дува умерен ветер од променлив правец.
