Експлозии се слушнале во руската воздухопловна база Енгелс, на само неколку стотици километри од линијата на фронтот во Украина, објавија руски и украински медиуми, цитирани од Ројтерс.
Засега нема официјална потврда на информацијата. Ројтерс, исто така, истакна дека не може да го потврди тоа преку независен извор.
Новинската агенција РБЦ-Украина објави дека се случиле две експлозии.
Руското издание „База“ забележа, цитирајќи локални жители, дека има лелек од сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија.
Извештаите за инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов се проверуваат, но нема штета на цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер Роман Бусаргин по извештаите на медиумите претходно денеска за експлозии во базата, пренесе Ројтерс.
Во станбените области на градот Енгелс нема итни ситуации“, напиша Бусаргин на социјалната мрежа Телеграм. „Нема апсолутно никаква опасност за жителите. Нема оштетени цивилни инфраструктурни локации. Информациите за инцидент на воена локација се проверуваат од органите на редот.
Новинската агенција РБЦ-Украина објави дека се случиле две експлозии. Руското издание „База“ забележа, цитирајќи локални жители, дека има лелек од сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија.
На 5 декември Русија соопшти дека оваа воздухопловна база, која се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва во близина на градот Саратов, плус уште една, била цел на напади со украински беспилотни летала.
Двојниот удар предизвика значителна штета на репутацијата на Москва и покрена прашања зошто нејзината одбрана не успеа, рекоа тогаш аналитичарите. Ова уште еднаш го привлече вниманието на употребата на дронови во војната меѓу двете соседни земји.
Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија.
Украинската агенција Укринформ, која објави и експлозии во Енгелс, повикувајќи се на руски канали на социјалната мрежа Телеграм, забележува дека токму од оваа база се извршуваат сите масовни руски ракетни напади против Украина. Укринформ додава дека таму се сместени руски стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160.
Кратко време подоцна, руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана спречила напад на украинско беспилотно летало врз воздухопловната база Енгелс во регионот Саратов, а тројца војници загинале кога паднале остатоци од беспилотното летало.