Свет

Беспилотните летала на Пјонгјанг ја нападнаа Јужна Кореја

Беспилотните летала на Пјонгјанг ја нападнаа Јужна Кореја

Јужна Кореја подигна борбени авиони и напаѓачки хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала денеска го нападнаа нејзиниот воздушен простор, објави Ројтерс, повикувајќи се на вооружените сили на Јужна Кореја.

Јужна Кореја утврди дека беспилотните летала дошле од Северна Кореја, поминувајќи ја таканаречената воена демаркациона линија меѓу двете земји. Тие биле забележани на небото над западниот јужнокорејски град Гимпо околу 10:25 часот по локално време, соопшти војската.

Лесен напаѓачки авион КА-1 се урна веднаш по полетувањето од својата база за да се спротивстави на беспилотните летала, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Двајцата пилоти успеале да го напуштат авионот пред да се урне и биле пренесени во болница.

Министерството за транспорт на Јужна Кореја соопшти дека летовите од аеродромите Инчон и Гимпо се привремено прекинати на барање на војската. Летовите беа прекинати околу еден час и аеродромите сега повторно работат, изјави претставник на Министерството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни