Македонија

Владата уште не го добила извештајот на УЈП за приватните превозници

Владата уште не го добила извештајот на УЈП за приватните превозници

Извештајот на Управата за јавни приходи (УЈП) се уште не е пристигнат во Владата и по неговото добивање се очекува министрите од економските ресори да одржат состаноци со приватните автобуски превозници и со Град Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата потврди дека извештајот на УЈП не е пристигнат во Владата.

– УЈП во рамки на своите надлежности прави контрола. Уште немаат завршено со извештај којшто е доставен до Владата. Кога тоа ќе биде направено, тогаш ќе можат министрите од економските ресори да се информираат за деталите и потоа задолжените министри ќе можат да одржат состаноци со Град Скопје и со приватните превозници, рече Ковачевски.

Тој посочи дека се работи за деловни односи меѓу приватните превозници, ЈСП и Град Скопје.

– Повторувам уште еднаш – тоа се исклучиво деловни односи меѓу приватните превозници, ЈСП и Град Скопје и дополнително деловни односи меѓу приватните превозници, затоа што ако ги видите видеата како држат состаноци меѓу себе, тоа и не е баш некое највисоко ниво од аспект на начин на одржување на состаноци, рече Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни