Македонија

Атанасоска: Не сме ставка во буџетот, ние сите сме млади и сакаме да живееме

Атанасоска: Не сме ставка во буџетот, ние сите сме млади и сакаме да живееме

Ивана Атанасоска од Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во изјава за медиумите истакна дека протестот го закажале „5 до 12“, но истиот изминува.

„Многу од пациентите немаат време да чекаат за терапија и она што нас не иритира, како пациенти, е тоа што вакви разговори постојано имаме и сме ги воделе, и постојано сме добивале ветување. Не смее да се случи ниту еден живот да биде загубен“, порача Атанасоска.

Таа порача дека тие не се ставка во буџетот, и се сите деца и млади кои сакаат да живеат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни