Свет

Пандемијата КОВИД-19 заврши, изјави германски експерт

Пандемијата КОВИД-19 заврши, изјави германски експерт

Пандемијата СОВИД-19 може да се смета за завршена и сега постои само ендемска болест, изјави германскиот виролог Кристијан Дростен во интервју за Тагесшпигел, цитиран од ДПА.

Го доживуваме првиот ендемски бран на вирусот САРС-КоВ-2 за оваа зима, според мене пандемијата е завршена, изјави шефот на клиниката за вирусологија во берлинската универзитетска болница Шарите.

По оваа зима, имунитетот на населението ќе биде широк и одржлив, смета тој.

Според д-р Кристијан Караианидис, специјалист по интензивна нега и член на германскиот стручен совет за СОВИД-19, пандемијата најверојатно ќе заврши по зимата. Тој изјави за RND дека иако се веројатни еден или два мали бранови на СОВИД-19, имунитетот на населението е стабилен и има значително помалку пациенти во единиците за интензивна нега.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни