Македонија

ФОТО: И Могила блесна во новогодишна магија – утре предновогодишен базар и забава, а ќе пристигне и Дедо Мраз!

ФОТО: И Могила блесна во новогодишна магија – утре предновогодишен базар и забава, а ќе пристигне и Дедо Мраз!

И Општина Могила блесна во новогодишен сјај.

Утре (28.12) во општината се организира предновогодишен базар и забава за најмалите на која ќе пристигне и Дедо Мраз.

Градоначалникот на општината, Драганчо Саботковски ја објави агендата за утрешниот настан.

Според неа, забавата за најмалите почнува во 11 часот со пристигнување на Дедо Мраз, а потоа следуваат новогодишниот панаѓур и претстава со Биби.

За постарите ќе има и предновогодишен базар кој започнува од 13 часот, со обраќање на градоначалникот.

Ќе настапи диџеј, а посетителите ќе имаат можност и дегустирање греено вино и ракија.

Во продолжение погледнете како е украсена општината:

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни