Македонија

Труење со храна во „Пелагонија“ – се бара одговорност од Владата, МОН и оставка на директорот Виктор Велевски

Труење со храна во „Пелагонија“ – се бара одговорност од Владата, МОН и оставка на директорот Виктор Велевски

Вчера на 28.12.2022 година во предновогодишно расположение низ медиумите се појави вест дека студенти од студентскиот дом „Пелагонија“ во општината Кисела Вода се затруле со храна бидејќи во мензата се служел оброк со расипани јајца и завршиле на инфективна клиника!

Од Црвена Младина се јавија со реакција во која се вели дека се бара најпрво одговорност од Владата, МОН и оставка на директорот на ДСД „Скопје” Виктор Велевски.

„Како да не им беше доволно на студентите тоа што владата предводена од СДС систематски и константно го руши студентскиот стандард преку: нереновирање навреме на студентските домови, доцнење (и ниска сума) на субвенционираниот студентски оброк, се’ уште не исплаќање на студентските стипендии, уште и студентите од другите градови кои живеат во студентските домови се приморани да живеат со антикризни мерки без фрижидери, решоа и во мизерни услови.

Вчера, во студентски дом кој е во јавно приватно партнерство студенти се однесени во болница поради труење со храна од мензата, додека истава власт не’ убедува дека јавно – приватно партнерство би било подобро и би донело подобри услови за студентите кои престојуваат во студентските домови!?!

Ние како Црвена Младина го прашуваме премиерот и јавноста:

Дали Димитар Ковачевски ќе направи посета на некој студентски дом БЕЗ ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ И ПОСЕБНО ОДБРАНИ СТУДЕНТИ за да се потсети на студентските денови и да види како студентите навистина живеат во тие домови?

Кога ќе има одговорност за катастрофалните услови во студентските домови од директорот на ДСД „Скопје“ – Виктор Велевски?

Зошто владата упорно лаже дека „го подобрувала студентскиот стандард“ додека го намалува буџетот наменет за студентите?

Дали владата и по овие докази дека јавно – приватното партнетство не може да функционира, ќе продолжи да ја навредува интелигенцијата на граѓаните во Македонија?

Покрај низата скандали и последниот со труењето на храна на студенти, ние како Црвена Младина бараме најопрво одговорност од Владата, МОН и оставка на директорот на ДСД „Скопје” Виктор Велевски“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни