Македонија

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени – најтопло во Дојран

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени – најтопло во Дојран

Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -7 степени.

По него следува и Битола со -5 степени, -4 степени во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, -3 степени во Штип, Крива Паланка, Маврови Анови, -2 степени во Прилеп, Куманово, Попова Шапка, и -1 степен Скопје-Зајчев Рид, Претор, Дебар, Крушево.

Нешто потопли биле Охрид каде се измерени 0 степени, Виница 1 степен, во Гевгелија 2 степени додека пак најтопло било во Дојран каде се измерени 3 степени.

Времето во текот на ноќта беше ведро и студено со слаб ветер од променлив правец.

Денеска сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни