Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ побара од Зоран Заев да се извини на семејството на Никола Младенов, затоа што, според Славева, тој манипулирал со неговата смрт само да се приграби за власт.
„Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Никола Младенов. Зоран Заев срамно манипулираше преку таканаречените бомби квалификувајќи ја трагичната смрт како убиство.
Зоран Заев срамно си поигруваше со чувствата на семејството на Никола Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Зоран Заев измислуваше различни теории на заговор, само за да се приграби до власт.
Сопругата на Младенов, вчера конечно ја потврди вистината и јасно кажа дека причина за несреќата е неприлагодена брзина. Сопругата на Младенов е децидна дека нема никаков сомнеж дека станува збор за нешто друго.
Заев и СДСМ мислат дека граѓаните забораваат, но се лажат. Јавноста се сеќава на сите лаги и на сета деструкција изнесена во врска со смртта на Младенов“, изјави Славева.