Македонија

Утре протест пред Влада: Активистите за заштита на правата на животните излегуваат на улица!

Утре протест пред Влада: Активистите за заштита на правата на животните излегуваат на улица!

Активистите за заштита на правата на животните утре ќе излезат на протест пред Владата.

Протестот следува по масовното убиство на кучиња скитници во Струга.

Тие бараат да се сопре убивањето и мачењето на кучиња, како и казна за злосторниците кој со пушка на улица убија кучиња.

„Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга. Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи! Дојдете во Петок со транспаренти, со свирчиња,со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души. УМОРНИ СМЕ!!! БЕСНИ СМE!!! НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ ОВА ДА БИДЕ НОВАТА НОРМАЛНОСТ. При здрав разум се правиме глупави, а психопатите ги “преземаат работите во свои раце”. Не решаваат ништо освен да ја задоволат нивната потреба за изживување врз животни!“, велат активистите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни