Македонија

Во Лесновскиот манастир се чествува Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Во Лесновскиот манастир се чествува Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Во Лесновскиот манастир денеска се чествува Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички.

Архиерејската литургија ја сослужуваа поглаварот на МПЦ – ОА, господин господин Стефан и рускиот митрополит Антони, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил.

На празникот манастирот прибра голем број гости од Пробиштип, Виница, но и целиот источен регион, кои и онака редовно доаѓаат во овој манастир.

Манастирот Свети Гаврил Лесновски е манастир во пробиштипското село Лесново и главната црква е посветена на архангелите Михаил и Гаврил.

Манастирот Свети Гаврил Лесновски се смета за еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Македонија туку и пошироко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни