Свет

ВИДЕО: Се урна авион со 72 лица во Непал, има загинати!

ВИДЕО: Се урна авион со 72 лица во Непал, има загинати!

Патнички авион со 72 лица се урна во непалскиот град Похара, пренесоа агенциите. Државната телевизија објави дека неодреден број тела се извлечени од местото на несреќата, што се случи во западниот дел на малата хималајска земја.

Според изданието „Катманду пост“, авионот се урнал во близина на меѓународниот аеродром Похара.

Во авионот имало 68 патници, плус четворица членови на екипажот, пишува изданието, цитирајќи го портпаролот на Јети ерлајнс. Во тек е спасувачка операција.

Фотографиите и снимките споделени на Твитер покажаа чад што се издигнуваат од местото на несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни