Македонија

Студеничани „ги запали“ багерите, Садики: Плоштадот ќе биде готов за 8 месеци

Вака ќе изгледа центарот на Студеничани за 8 месеци. По сторијата на ТВ21, градежните работи на плоштадот во Студеничани, иако со доцнење, официјално почнаа. „АДРА ДОО“  е компанијата која треба да ги изврши сите градежни работи за да се исполни првото и главно ветување дадено од Азем Садики во текот на изборната кампања.

-По 6 месеци бидејќи знам каква е состојбата, ќе се потрудам да се изгради плоштадот во Студеничани. Тоа ќе потрае малку подолго, но ќе почнеме, бидејќи проектот помина и шансите се околу 99% дека ќе го одобрат од Светска Банка.-изјави Садики.

Тој извести дека започнатиот проект ќе чини околу 16 милиони и 400 илјади денари.

– Според договорот, работите треба да траат 8 месеци, но ние подготвуваме динамичен план со  кој првично ќе се подготват патеките каде ќе минуваат автомобилите, а потоа ќе следат другите работи. Правиме напори да не им пречиме на жителите во нивното секојдневно движење. Проектот според понудата која ни ја даде компанијата ќе чини околу 16.400.000 денари – вели Садики.

Садики се надева дека предвидените работи за проектот ќе завршат на време. Инаку, ТВ21 неколку пати информираше во врска со доцнењето на изградбата на плоштадот и за ветувањето на Садики. За разлика од сега, Садики претходно не сакаше да коментира за овој проект.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни