Македонија

Мицкоски на средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду – „евроинтеграциите мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми“

Мицкоски на средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду – „евроинтеграциите мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска (16.01.2023) остварија средба со амбасадорката на Република Грција во Македонија, Софија Филипиду.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, како и економската состојба.

Мицкоски на средбата истакна дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет.

Во врска со уставните измени, претседателот Мицкоски потенцираше никој нема добиено мандат на избори за истите и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани се против и додаде дека уставните измени се уцена која не и дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина.

Во однос на економијата, Мицкоски посочи дека државата е пред целосен колапс со инфлација највисока во Европа и граѓани кои секој ден остануваат посиромашни бидејќи власта не е способна да ги заштити и не носи соодветни мерки.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека власта единствено поле на кое е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. Мицкоски нагласи дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни