Македонија

Управата за извршување санкции ќе добие нов директор – Спасовски си оди!

Марјан Спасовски заминува од функцијата директор на Управата за извршување санкции.

Според информациите, причините не се директно поврзани со бегството на осудениот Беким Мемети од затворот Идризово.

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека е започната процедура за негово менување бидејќи, како што вели, не е задоволен од работата.

„Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни