Македонија

Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, одиме на избори веднаш!

Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, одиме на избори веднаш!

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде истакна дека можно е да станат дел од Владата, ако не, одат на избори веднаш.

„Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата“, вели Арбен Таравари.

Според него, постои можност Алијанса да биде дел од Владата затоа што тоа го бара меѓународниот фактор, и доколку тоа го бараат и граѓаните, во тој случај Алијанса може да биде дел од Владата.

„Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, додаде Таравари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни