Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека доколку одиме на избори, реални се шансите да победат партии кои се против ЕУ интеграциите на државава.
Таравари остави простор за две опции, едната како што вели тој по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори, и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.
Друга опција како што вели Таравари е да се оди веднаш на избори.
Таравари напомена дека 2023 ќе биде доста интересна година и дека може да биде слична на 2016 година.