Свет

Министерството за одбрана на Тајван пресретна 16 авиони и три брода на кинеската војска

Министерството за одбрана на Тајван пресретна 16 авиони и три брода на кинеската војска

Министерството за одбрана на Тајван откри 16 воени авиони и три воени бродови на кинеската армија во областа околу островот, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на одделот.

Четири авиони ја минаа таканаречената средна линија – неофицијалната граница во Тајванскиот теснец, прифатена од двете земји и влегоа во зоната за препознавање на тајванската противвоздушна одбрана, објави денеска министерството на својата веб-страница.

Во овој поглед, вооружените сили на Тајван ги ставија своите бродови и воени авиони во состојба на готовност и распоредија ракетни системи.

Во последните неколку месеци кинеската војска редовно патролира во водите околу островот. Тензиите во Тајванскиот теснец ескалираа откако тогашната претседателка на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси го посети Тајпеј во август минатата година. Патувањето предизвика големо незадоволство во Пекинг.

Тајван е управуван од сопствена администрација од 1949 година, кога остатоците од партиските сили Куоминтанг предводени од Чианг Каи Шек побегнаа на островот откако беа поразени во кинеската граѓанска војна. Според официјалниот став на Пекинг, поддржан од повеќето земји, вклучително и Русија, Тајван е една од провинциите на Народна Република Кина, забележува ТАСС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни