Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Свет

Премиерката на Нов Зеланд се повлекува

Премиерката на Нов Зеланд се повлекува

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска најави дека ќе се повлече од функцијата до 7 февруари, пренесоа светските агенции. Ардерн ја даде изненадувачката најава за време на нејзината прва прес-конференција за 2023 година.

„Да се ​​биде премиер беше најголемата чест во мојот живот и сакам да им се заблагодарам на Новозеланѓаните за огромната привилегија да ја водам земјата во изминатите пет и пол години“, рече Ардерн низ солзи.

„Со таквата привилегирана улога доаѓа и одговорноста, вклучително и одговорноста да се знае кога сте вистинската личност да водите, а исто така и кога не сте“, рече Ардерн (42).

Избрана за премиер во 2017 година, на 37-годишна возраст, Ардерн е една од најмладите жени на чело на влада во светот и само втора која станала мајка додека сè уште е на функцијата, забележа ДПА.

Нејзината оставка ќе стапи на сила по назначувањето на нов премиер.

Гласањето за избор на нов лидер на Лабуристичката партија ќе се одржи во недела.

Денеска и Џасинда Ардерн најави дека парламентарните избори ќе се одржат на 14 октомври.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни