Македонија

Проектот „Трето дете“ истекува, од 2020 ќе се добиваат само социјално загрозените

Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се договорија за социјалниот пакет “Трето дете“. Пратеникот на ДУИ објасни дека кој ќе добива а кој не  ваков додаток.

„Во однос на третото дете, сите оние кои до крајот на годинава земаат додаток за трето дете, ќе продолжат да земат и во следните 10 години. Исто така, сите оние деца кои ќе се родат во текот на оваа година ќе земаат на ист начин како и досега, додека од следната година па натаму, додатокот за трето дете ќе земаат само најсиромашните категории на нашето општество, социјалните категории, односно семејството на детето кои земаат минимална плата“, изјави Артан Груби – пратеник на ДУИ.

На прашањето кога може да се усвои овој закон, Груби рече дека се надева наскоро, односно на следната седница. Истото го рече и премиерот Заев во врска со законите кои се очекува на 25 март да се најдат на собраниска седница.

Освен за “Трето дете“, владините партнери се договорија и за пензијата за лицата над 65 години кои немаат ниту еден ден работен стаж. Повлечен е условот “еден ден работен стаж“, ограничување кое според Груби исклучуваше многу Албанци од ваквата пензија.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни