Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во Бугарија во посета на натепаниот секретар во бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пандиков.
Од Софија, Османи порача дека бугарската заедница во Северна Македонија ќе ги има сите права, слободи и привилегии како и секоја друга заедница, нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Северна Македонија, но нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни.
„Секое доаѓање на политичари во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа во иднина ќе биде последно доаѓање во Република Северна Македонија. Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане“, додаде Османи.