Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека претседателските и парламентарните избори во републиката ќе се одржат на 14 мај, пренесе ТАСС.
„Ги повикувам претставниците на нашите млади луѓе, кои првпат ќе учествуваат на изборите, да го направат вистинскиот избор за време на гласањето на 14 мај“, рече Ердоган на средбата со младите од провинцијата Бурса во северозападниот дел на земјата. Говорот беше пренесен денеска на ТВ ТРТ.
Првично, претседателските избори во Турција требаше да се одржат на 18 јуни.