Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков истакна дека сака да каже „не” за заживување на „црните традиции” кои историски се поврзуваат со Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓето. За такви работи воопшто нема место во Европа и ние сме крајно загрижени поради тоа.
„Момчето настрада заради своите идеи. Еден маж со кауза која што ја застапува. Ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Треба да се стави крај на атмосферата на неказнивост која што раѓа и ново насилство. Тука сум да кажам ‘не’ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа“, изјави Милков, додека Османи стоеше до него.
Османи порача дека мора да прекинат провокациите и од другата страна за негирање на македонскиот народ, алудирајќи на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој пред неколку дена на среде Скопје скандирашае Македонија е бугарска.
„Северна Македонија ќе се погрижи да има нула толеранција на насилство како одговор на каков било проблем, најмалку на меѓуетничкиот соживот. Мора ние да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда што двете влади се трудат макотрпно да ја изградат“, кажа Османи.
Охриѓанецот Пендиков беше нападнат од тројца свои сограѓани на 19 јануари, а Бугарија прати владин авион за да го однесе на лекување во Софија. Бугарските политичари сметаат дека причина за нападот е тоа што Пендиков се деклариран како Бигарин. Во Македонија пак против Пендиков уште во декември полицијата поднела кривична пријава за производство и промет со дрога, па како што дел од македонски медиуми, можно е да се работи за криминално-дилерска пресметка бидејќи и напаѓачите и биле познати на полицијата.
Според извори на истрагата повредениот Пендиков неколкупати досега ја менувал изјавата околу инцидентот.