Невидена ситуација досега во Бугарија. Еден човек купил автомобил од НРА, но автомобилот бил испорачан без мотор.
Автомобилот е купен на аукција. Човекот победил на наддавањето и ја платил целата сума за автомобилот. Во документацијата стоело дека автомобилот бил во многу добра техничка состојба, со 6-брзински менувач. Но, автомобилот пристигнал без мотор.
Даниел Николов најпрвин мислел дека дошло до недоразбирање. Откако се испоставило дека наместо моторно возило станал сопственик на купе со гуми, мажот побарал да му се вратат парите. Меѓутоа, НРА одби.
Од Агенцијата велат дека Николов треба да го прифати освоениот автомобил и сам да си ги бара правата на суд. Но, тогаш решиле дека е правилно да му ги вратат парите. Мажот поднел жалба, но на 15.08.2022 година добил одговор дека е неоснован.