Македонија

Акција во угостителски објект во Тетово: Пронајдена дрога, приведени две лица

Акција во угостителски објект во Тетово: Пронајдена дрога, приведени две лица

Две лица се лишени од слобода откако полицијата при акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово пронашла бела прашкаста материја. Во акцијата учествувале полициски службеници, како и претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

Според информациите од полицијата, контролата била спроведена на 23 октомври од страна на Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и мобилниот тим „Таск форс“.

Пред угостителскиот објект бил затекнат 48-годишниот М.Р. од Тетово. При извршениот преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што бил лишен од слобода.

Во внатрешноста на објектот, пак, кај сопственикот, 54-годишниот Ј.Т. од тетовското село Требош, биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја. И тој бил лишен од слобода.

Двете лица биле задржани во полициска станица. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни