Македонија

Седуммина македонски државјани обвинети за учество во ИСИС ја признаа вината

Седумтемина македонски државјани кои беа обвинети за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето за кривилно дело Теротистичка организација, на денешната главна рапсрава во Основиот суд Скопје 1, ги признаа делата што им се носат на товар, соопштуваат од Судот.

Минатата година во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сирските демократски сили, тие беа предадени на македонските органи на прогонот. Јавен обвинител, после спроведена истрага, во декември минатата година поднел обвинение за седум лица.

-Обвинетите со намера да станат дел од паравоените формации, ја напуштиле територијата на Република Македонија, и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци во ИСИС во војните во Сирија и Ирак – соопштуваат од Судот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни