Балкан

Одите на скијање во Словенија? Голем број скијачки центри работат на ограничена основа

Одите на скијање во Словенија? Голем број скијачки центри работат на ограничена основа

ПОРАДИ обилниот снег функционирањето на ски-центарот на Похорје е ограничено, како што е случајот и со другите словенечки ски центри, јавува словенечката агенција СТА. На Копи, каде има повеќе од еден метар снег и каде вчера не работеа, моментално работи само жичарницата Седло, а се обновуваат останатите линии. Дури и на Марибор и Арешка Похорје, каде има снег и до метар и половина, не се отворени сите патеки.

Директорот на компанијата Ваба, која стопанисува со ски-центарот Копе, рече дека се очекува утре да бидат пуштени во употреба сите линии. Со рестрикции денеска работат и Мариборско и Арешко Похорје. Според порталот visitpohorje.si, во Похорје има и до 150 сантиметри природен и вештачки снег. Во функција се осум од 16 апарати, а отворени се десет од 24 скијачки патеки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни