Македонија

Власта го штити законот, опозицијата критикува, граѓанскиот сектор поделен за социјалната реформа

Претставници на граѓанскиот сектор за лица со посебни потреби, го изразија нивниот револт за Законот за социјална заштита, кој според нив не нуди правно решение за ова категорија на граѓани. Граѓанскиот сектор бара институционална грижа и поголема финансиска поддршка за лицата со посебни потреби.

Но, имаше и такви кои го поддржуваат овој предлог закон.

На почетокот на дебатата имаше преписки меѓу министерката Мила Царовска и претседателот на комисијата, Владимир Ѓорчев. Царовска рече дека оваа реформа требаше да почне од 1 јануари 2019 година, но ја обвини мината Влада за доцнењето.

Но, Ѓорчев иронично рече дека ова може да го направи владата со средства од Фондот за иновации.

Инаку јавната дебата следува по доставувањето на предлог-законот за социјална заштита како реформа со која според предлагачите ќе се опфатат 400 илјади граѓани преку разни мерки меѓу кои: покачување на социјалната помош, право на детски додаток, помош за згрижувачки семејства и социјална пензија.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни