Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со делегација од ВМРО-ДПМНЕ заедно со кандидатот за претседател на Република Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска остварија повеќе средби со европратениците во Брисел.
Мицкоски на средбата со соговорниците ја истакна лошата состојба во која се наоѓа Република Македонија и граѓаните, поради лошие политики кои ги спроведува владата на СДС.
-Разговаравме за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, за политичкиот прогон, за лошата економска ситуација, разговаравме за отсуството на реформи, трговијата со правото и правдината, притисокот кој што го прави владата на СДСМ во Република Македонија, така што практично разговаравме за сите оние негативни случувања кои што сега македонската јавност е сведок пред претседателските избори и побаравме се разбира од нашите соговорници да интервенираат кај македонските властодршци- вели претседателот Мицкоски.
Тој додаде дека е многу значајно Република Македонија да конечно добие датум за започнување на преговори со Европската Унија, односно како што рече тој тоа претставува бенефит за сите граѓани на државата.
-Се разбира исто така ја истакнавме потребата да Македонија добие конечно датум за отпочнување на преговори со Европската Унија бидејќи тоа практично ќе претставува бенефит за сите граѓани во Република Македонија- нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека продолжуваат средбите и состаноците со европските претставници, додавајќи дека ќе има состанок и со Манфред Вебер кој е кандидат за претседател од ЕПП за претстојните избори за претседател на Европската Комисија.
https://mail.google.com/mail/u/1/#inbox/FMfcgxwBWKXqlLSRfWdCRzqpfpPcxQSD?projector=1