Општина Центар и Карпош се избрани за најеколошки општини во град Скопје за 2018 година, од компанијата Макомак. На овој натпревар се пријавија 7 општини, но жирито кое беше составено од членови од Министерството за животна средина, невладини организации и медиумите, ги избра општините Карпош, Центар, Кавадарци и Прилеп. Услов за победа беше чистотата на просторот, селекцијата на отпадот и инвестирањето в еколошки проекти. Прилеп со години е град со најмногу контејнери и најголема селекција на отпад, хартија, пластика и стакло, велат од Макомак. Градоначалникот на општина Аеродорм вели дека од аспект на хигиената помогнале и угостителските објекти и училиштата кои придонеле во селекција на отпадот. Од оваа општина велат дека ќе следат строги санкции за неодговорните граѓани кои ја загадуваат околината на било каков начин. Кај депонијата која сега се наоѓа кај кејот на Вардар, ќе се гради парк, рече градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.