Во Скопје во Кривичниот суд, денеска се закажани нови рочишта по предметите на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ и „Тарифа“.
Предметот „ТНТ“ е во доказна постапка, а се однесува за рушењето на објектот „Космос“. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.
На обвинителната клупа денеска ќе седнат и обвинетите во предметот „Тарифа“. Поранешниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица се обвинети за овој случај. Тие се обвинети за протизаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден четири милиони евра.