Свет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: Ќе дадеме силен одговор на тероризмот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: Ќе дадеме силен одговор на тероризмот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва вети дека Израел ќе даде силен одговор на тероризмот, пренесе Франс прес.

Нетанјаху ова го изјави по двата палестински напади во источен Ерусалим, од кои во еден вчера загинаа седум Израелци.

„Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен“, рече израелскиот лидер пред итниот состанок на владата за безбедносни прашања.

„Не целиме кон ескалација, но подготвени сме на сите сценарија“, рече и премиерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни