Свет

Зеленски: Украинка загина во нападите во Ерусалим

Зеленски: Украинка загина во нападите во Ерусалим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му изразил сочувство на Израел по нападите во Ерусалим, а според него меѓу загинатите има и еден украински државјанин, пренесе Ројтерс.

„Ја споделуваме болката на Израел по терористичките напади во Ерусалим. Меѓу жртвите е и една Украинка. Упатувам искрено сочувство до семејствата на жртвите“, напиша тој на Твитер. „Злосторствата беа цинично извршени на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. На тероризмот не треба да има место во денешниот свет. Ниту во Израел ниту во Украина“, посочи Зеленски.

Израелските вооружени сили соопштија дека ќе го зголемат своето присуство на окупираниот Западен Брег, откако Палестинец вчера застрела седум лица на периферијата на Ерусалим, а во друг напад во градот денеска беа ранети две лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни