Свет

Најмалку 25 загинати во автобуска несреќа во Перу

Најмалку 25 загинати во автобуска несреќа во Перу

Најмалку 25 лица загинаа кога автобус со 60 патници падна од карпа во северозападниот дел на Перу, пренесе АФП, повикувајќи се на полицијата.

Според полицијата, автобусот тргнал од Лима и се движел кон Тумбес, на границата со Еквадор, кога од засега непознати причини излетал од патот во близина на градот Органос.

Тие рекоа дека непознат број повредени патници биле пренесени во болниците во Ел Алто и Манкора, популарни одморалишта на околу 1.000 километри северно од Лима.

Неколку патници биле исфрлени од автобусот, а други останале заробени внатре.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни