Балкан

Грција ја модернизира својата воена моќ

Грција ја модернизира својата воена моќ

Грција ја модернизира својата воена моќ благодарение на Договорот за меѓусебна соработка со САД, соопшти Министерството за одбрана на Атина.

Министерот Никос Панајотопулос ги информираше пратениците дека годинава Атина ќе добие 400 оклопни транспортери од Вашингтон.

Според договорот, Грција на американската војска и го обезбеди пристаништето Александрополис, како и воените бази на Крит и Лариса.

Министерот коментира дека по присуството на американските воени сили жителите на Александрополис се чувствуваат заштитени.

Според премиерот Мицотакис, „пристаништето Александрополис е природна влезна точка за трупите на САД и НАТО во регионот на Источна Европа“.

Оваа година Грција ќе ги добие првите хеликоптери за противподморничка војна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни