Балкан

Грчки борбен авион се урна во Јонското Море, двајца пилоти се водат за исчезнати

Грчки борбен авион се урна во Јонското Море, двајца пилоти се водат за исчезнати
Greece flag. Euro money. Euro currency. Colorful waving greece flag on a euro money backgroundGreece flag. Euro money. Euro currency. Colorful waving greece flag on a euro money background

Борбен авион Ф-4 „Фантом“ на грчкото воздухопловство со две седишта се урна во Јонското Море за време на тренинг лет. Двајцата пилоти се водат како исчезнати, објави „Катимерини“.

Во соопштението на Генералштабот на грчките воздухопловни сили се наведува дека инцидентот се случил во 10:30 часот на 25 наутички милји (46 километри) јужно од воздухопловната база Андравида во северозападниот дел на Пелопонез.

Во тек е акција за потрага по пилотите. Во операцијата беа вклучени два хеликоптери АБ-205 на грчките воздухопловни сили, еден хеликоптер С-70 на морнарицата и неколку бродови на крајбрежната стража. Воен транспортен авион Ц-130 е во подготвеност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни