Балкан

Напаѓачи на мотор фрлиле рачна бомба на рускиот конзулат во Атина

Напаѓачи на мотор фрлиле рачна бомба во рускиот конзулат во грчкиот главен град Атина, јавува Ројтерс, повикувајќи се на грчката полиција.

„Веројатно се работи за рачна бомба. Никој не е повреден“, рече за агенцијата неименуван полициски службеник.

Се наведува дека засега никој не превзеде одговорност за нападот на конзулатот кој се наоѓа во областа Психико.

Ројтерс наведува дека напади на конзулати и познати личности се чести во Грција, каде што има долга историја на насилства. Левичарските групи често превземаат одговорности за ваквите напади.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни