Македонија

ТВ21 на конференција за етичко новинарство во Белград

Лажните вести, дезинформациите се главниот проблем со кој се соочуваат новинарите во денешницата. Токму ова е темата на конференцијата која два дена се одржува во Белград, а на која присуствува ТВ21, која од страна на мрежата Ethical Journalism Network, е препознаена како медиумска куќа која се бори против ваквите појави.
Градењето и враќањето на довербата на публиката во медиумите е исто така предизвик со кој новинарството се соочува. Еден од заклучоците на конференцијата е дека медиумите мора да работат транспарентно, да објавуваат точни и проверени информации, да бидат лесно достапни на публиката. На краток рок можеби нема да има резултат во битката со интернет медиумите кои шират лажни вести и сензационализам, но на долг период, со поддршка на меѓународни организации, секако дека професионалното новонарство ќе ги победи медиумите чија цел не е јавниот интерес, туку нешто друго.
ТВ21 во Белград, Един Растодер

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни