Утринава нешто после четири часот, се случило пукање во скопско Батинци, за среќа нема повредени лица. Во возило во движење пукале две лица, познати на лицето кое управувало со возилото. По превземени мерки, едниот од пукачите бил уапсен. Според информациите до кои дојде ТВ21, двајцата кои пукале биле браќа.
„На 22.03.2019 околу 04.15 часот во СВР Скопје, С.Н.(27) од село Батинци, скопско, пријавил дека на излез од село Батинци, додека се движел со патничко возило „Фолксваген голф“, кон него со оружје пукале Р.А. и Ш.А., двајцата од село Батинци, но не го повредиле. По преземени мерки Ш.А. бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР.